Мурињо размислува за јануари – 3 заминуваат, 1 доаѓа?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Иако сме на половина на овој дел од сезоната, Мурињо заедно со својот тим размислува за трансфери.

    Мурињо оваа сезона го превзема Јунајтед, а мислењата се поделени помеѓу навивачите за овој ангажман на клубот.

    На средината на полусезоната, се гледа напредок во однос на претходната сезона, но и понатаму е далеку од тоа што навивачите го сакаа.

    Сепак, Мурињо ќе се обиде во јануари да направи уште едно кратење кога станува збор за тимот, а покрај тоа треба да се очекуваат и засилувања.

    Сака да се ослободи од Дармијан, постојат неколку опции за него, но враќањето во Италија е најреално. За него заинтересирани се Интер, Милан и Јувентус.

    Покрај него, Швајнштајгер би можел да се пресели во САД.

    Тоа не е се, постои можност да замине и Шнајдерлин или Депај.

    Се почесто се споменува дека Мурињо може во јануари да донесе десен бек или дефанзивен играч за врска.

    За десен бек се зборува за Колман. Овој 28-годишен играч чини околу 25 милиони фунти.

    Покрај него, се споменува и играч за врска, а има неколку имиња во листата, како што е Матиќ.