Мурињо сака да го задржи Ибрахимовиќ


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека вратата за Ибрахимовиќ е секогаш отворена и дека тој би можел да игра во Манчестер Јунајтед оваа сезона.

35 годишниот фудбалер се здоби со тешка повреда на натпреварот против Андерлехт во април и се очекува да отсуствува од терените до јануари следната година.

„Се е можно. Тој е отворен. Сакаме да бидеме искрени и отворени и да му дадеме се за тој да донесе одлука. Засега нема нов договор, има време да размисли и да одлучи. Од негова гледна точка, тој се уште сака да игра фудбал на највисоко ниво.

Не сака да се крие зад оваа повреда. Ибрахимовиќ сака предизвик и се уште сака да игра на највисоко ниво. Ја оставивме вратата отворена за него за целосно да заздрави од повредата со нас. Керингтон е отворен за него за да може да се опорави и да биде еден од нас. Ајде да донесеме одлука која ќе не направи среќни.

Ние разговараме, разменуваме идеи, Вудвард и Раиола се во постојан контакт, но на крај финалниот збор ќе го има Ибрахимовиќ“ –коментираше Мурињо на прес конференцијата во Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ на маса веќе има неколку понуди од Кина и САД, но доколку се оди според планот и правилно ја залечи повредата, многу е веројатно дека ќе остане во дресот на „Црвените Ѓаволи“ и оваа сезона.