Мурињо се налути: Бројот три означува колку титули имам, а тоа е повеќе од сите останати!


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


По убедливиот пораз од Тотнем на свој терен, Жозе Мурињо направи скандал кога ја напушти конференцијата за медиумите.

„Ние загубивме од Севилја на домашен терен минатата година кога навивачите не исвиркуваа, па тоа е сосема заслужено. Не бевме опасни и тие заслужија победа. Вечерва повторно загубивме, но нашите играчи беа со аплауз испратени затоа што го заслужија тоа, мораме да се трудиме од натпревар во натпревар“, кажа Мурињо.

Потоа стратегот на „црвените ѓаволи“ се скара со новинарите и замина од конференцијата.

„Дали знаете кој беше резултатот, беше 3-0! Знаете ли што значи тоа? Три гола. А, знаете уште што? Три титули во Премиерлигата имам за мене. Имам повеќе од сите останати 19 тренери заедно. Во моментов е 3-2 за мене, треба да го почитувате тоа“, објасни налутениот Португалецот.