Мурињо смета дека Фариа е добар избор за Арсенал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо верува дека неговиот асистент, Руи Фариа би бил добар избор за испразнетата тренерска позиција во Арсенал.

Од ден на ден има се повеќе шпекулации за наследникот на Венгер на „Емирати“, а меѓу потенцијалните кандидати за клупата на Арсенал се најде и Руи Фариа.

Мурињо беше запрашан дали неговиот асистент е претендент за клупата на „топчиите“, на што Португалецот одговори: „Мислам. Не знам дали тој сака да биде менаџер. Ме прашувате дали сметам дека ќе биде добар избор за Арсенал , и јас ви викам дека ќе биде.  Го велам тоа поради тоа што тој е повеќе од мој асистент, тој ми е пријател. Доколку мојот пријател добие можност за голема работа еден ден, јас ќе бидам првиот кој ќе му помогне да се спакува и ќе му посакам добра среќа.

Па, доколку еден ден тоа се случи, првиот кој ќе биде среќен ќе бидам јас затоа што него го запознав кога беше дете на универзитетот, и пријатели сме повеќе од 18 години. Доколку еден ден се случи такво нешто, јас ќе бидам многу среќен“ –коментираше Мурињо.