Му се врати насмевката на лицето на Роналдо, а сето тоа поради Манџукиќ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Јувентус киксираше против Парма 3:3 во Торино по водството од 3:1, Италијанците не дигнаа бука, дури ниту по киксот на Марио Манџукиќ кој по грешката во 93. минута му овозможи на Жервињо да постигне погодок за изедначување.

Причината ја гледаат во неговата соработка со Кристијано Роналдо која силно му недостасуваше на Јувентус додека Марио беше надвор од теренот еден месец поради повреда на левото бедро.

„Манџукиќ му го намести третиот погодок во сезоната, колку и тој нему досега. Роналдо повторно може да се смее, се врати човекот кој му ја олеснува работата“, пишува Газета дело Спорт.

Манџукиќ во тој меч третпат оваа сезона беше капитен на „Старата дама“, а имаше најмногу добиени дуели со противничките играчи, од што седум значајни. Исто така имаше и најмногу уфрлувања од крило, од сите играчи на Јувентус.

Меѓутоа, сеедно заработи критики од тренерот, Макс Алегри поради споменатиот кикс кога ја задржуваше топката во посед, па ја загуби.

„Така не се игра во 93. минута со топка во нозе покрај корнер знаменцето. Нема смисла да се чува топката на теренот, па едноставно се фрла кон трибината“…