Му се смешка голем трансфер: Дортмунд и Сити во битка за Елмас


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Турција бројни европски екипи се заинтересирани за услугите на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

За Елмас кој се очекува вечер да биде во поширокиот состав на Фенербахче за дуелот со Кајзериспор постои сериозен интерес од Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, а ситуацијата околу фудбалерот ја надгледуваат и Феенорд и ПСВ Ајндховен.

Елмас добиваше шанса кај Ајкут Кочман, но по непромислениот старт против младата екипа на Бешикташ наводно го налутил тренерот па одреден период беше „на ладење“. Сепак, се очекува на денешниот натпревар нашиот репрезентативец да добие солидна минутажа.