Навивачите на Интер најавија „пекол“ на вечерашниот натпревар против Торино


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерите на Интер вечерва на домашен терен играат против Торино во рамките на 10. коло од италијанската Серија А.

    Атмосферата во Интер не е за пофалба, а навивачите на оваа екипа најавија протест на вечерашниот натпревар. Навивачите на Интер се скараа со капитенот, Мауро Икарди и побараа од него да ја предаде капитенската лента.

    По разговорите со лидерите на Интер одлучено е дека Икарди ќе остане капитен на клубот, а овој потег ги разочара навивачите на оваа екипа. Па поради тоа, навивачите на Интер најавија протести на вечерашниот натпревар.

    „Можеби не не разбравте првиот пат, правете се луди. Вечерва ве очекува пекол на Меаца“, најавија навивачите на Интер.