Навивачите на Милан во транс: Состанок на Леонардо и Кежман за Милинковиќ-Савиќ!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Матеја Кежман, менаџерот на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, и новиот спортски директор на Милан, Леонардо, имале состанок вчера за да преговараат за потенцијален трасфер на играчот.

Трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио во некој од европските гиганти е секојдневна тема кај светските медиуми.

Сергеј наводно го барале Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Челси, сега се вклучи во трка и Милан.

Претседателот на Лацио, Клаудио лотито, кажа дека Србинот нема да замине од Рим, ако не стигна понуда од 120 милиони евра, а Милан во претходните денови понудил 40 милиони евра за едногодишна позајмица плус 80 милиони евра на крајот на сезоната и откуп на Србинот.