Навивачите на Челси бесни на Бакајоко


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Челси доживеаја бламажа на домашен терен од тимот на Бурнемут (0:3) во рамките од 25. коло англиската Премиер лига.

На удар на навивачите најмногу се најде играчот од средниот ред Тему Бакајоко кој летоска стигна како големо засилување од Монако. Бакајоко го одигра веројатно најлошиот натпревар во тимот од Лондон, а навивачите почнаа жестоко да го напаѓаат на социјалните мрежи.

Бакајоко доби многу негативни коментари, а еден од фановите дури напиша дека и Оби Микел бил подобар од него.

„Напушти го клубот. Дури и Микел е подобар фудбалер од тебе. Имам еден предлог, треба да ја завршиш кариерата како фудбалер“ –гласеше еден од коментарите упатени до фудбалерот.