Навивачите на Јунајтед нема да бидат задоволни: Раководството не планира да го отпушти Мурињо

Најеминентниот англиски весник „Скај Спортс“ дознава дека од таборот на Манчестер Јунајтед не планираат да му врачат отказ на Жозе Мурињо.

Медиумот пренесува дека никој не е среќен по вчерашниот пораз од Ливерпул и од состојбата на табелата, но дека се уште не размислуваат за смена на тренерот.

Манчестер Јунајтед немал намера да ги брка тренерите на сред сезона, а претходниците на Мурињо, Ван Гал и Мојс добија откази откако не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.