Навивачите немаа милост: Куртоа мораше да ја избрише пораката за збогум (ФОТО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа се пресели од Челси во Реал Мадрид, а вчера ја искористи шансата преку социјалните мрежи да се прости од навивачите.

Тој меѓу останатото се заблагодари на сите во екипата, а исто така кажа дека една од главните причини зошто заминува е неговото семејство кое живее во Мадрид.

Сепак, голем број навивачи на Челси не им се допадна пораката на Куртоа, па го навредуваа на социјалните мрежи.

По големиот број негативни коментари Белгиецот мораше да ја избрише пораката.