Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја објасни својата претходна изјава, а сега сите се во дилема.
Навивачите очекуваат големо засилување, откако претходно замина најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо во Јувентус, но има малку опции.
Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во ПСЖ, Челси за Еден Азар бара „луда“ понуда, но тоа не му се допаѓа на Хулен Лопетеги.
„Ние ги ангажиравме Одриозола и Жуниор, кој не освои со магија, одлични дриблинзи. Тоа е патот на Реал, да купува млади играчи и од нив да направи големи ѕвезди“, вели Перез.
Освен што ќе ангажира голман, најверојатно Тибо Куртоа од Челси, Реал нема да троши многу пари. Го сакаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но Лотито не сака да ја намали цената, а Реал не е подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра за Србинот.
Некои шпански медиуми пишуваат дека Лопетеги го сака Бензема во екипата, а тоа дополнително ќе ги налути навивачите, кои се надеваа дека конечно Французинот ќе замине од екипата.
Доколку Реал се откаже од Азар, тогаш Перез нема многу избор. Ниту една од големите ѕвезди не е на продажба, ниту Роберт Левандовски, ниту Пауло Дибала, Хари Кејн и Деле Али. Па, единствена опција останува Мауро Икарди, но ниту тоа не е сигурно бидејќи Интер сигурно ќе бара премногу пари за неговите услуги.
Преодниот рок е тука, па ние ги очекуваме новите потези на претседателот на Реал.