Навивач му се „истури“ на Нејмар: Ти не си Бразил, чао Нејмар, чао Нејмар… (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Репрезентацијата на Бразил вчеравечер се прости од Мундијалот, по поразот од Белгија со 2-1 во четвртфиналето.

Бразил во Русија стигна како еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот, но „кариоките“ по четвртфиналето мораат да заминат дома. Навивачите на Бразил очекуваа најмногу од Нејмар, кој ги разочара.

Еден од навивачите по натпреварот не можеше да ги сокрие емоциите и кажа дека Нејмар не го претставува Бразил.

„Нејмар е изгубен и тој не го претставува Бразил. Роналдо е Бразил, Ромарио е Бразил, Нејмар повеќе не е, чао Нејмар, чао Нејмар!“, кажа навивачот.