Наинголан подготвен за деби во Интер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раџа Наинголан се приклучи на тренинзите на Интер, па ќе биде подготвен да дебитира во Серија А за тимот на „Неоразурите“ против Торино.

Белгискиот интернационалец го пропушти натпреварот против Сасуоло, но дефинитивно ќе биде подготвен за Торино.

Денес Наинголан одработи целосен тренинг со тимот, а ИнтерЊус пренесува дека бил вклучен и во мини натпревар на истиот.