Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан истакна дека не се двоумел за да остане во Рома и покрај интересот од редовите на Челси.
„Јас го направив мојот избор. Никогаш не се двоумев, ниту мислев за напуштање на Рома, без оглед на тоа дали Челси ме посакувал или некој друг клуб“- коментираше Наинголан.
Белгискиот репрезентативец вечерва ќе биде во составот на тимот од Рим на натпреварот против Челси. Наинголан истакна дека знае како да се подготви за ваквите средби и наведе дека ќе го даде максимумот за Рома.