Наполи има среќа со што постои Хамшик: Тој е нивниот херој во Истанбул!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Бешикташ одиграа нерешно против Наполи во 4-то коло од групната фаза во ЛШ.

    Првата сериозна шанса на натпреварот ја имаше Маноло во 11-та минута, но неговиот удар го одбрани голманот на домашниот тим. Бешикташ во 30-та минута имаше одлична шанса преку Хатчинсон, но овој играч ја погоди рамката од голот на Наполи.

    На почетокот на вториот дел Наполи беше многу подобар, но не наоѓаше начин да постигне гол.

    Во финишот на натпреварот Бешикташ направи притисок, а тоа се исплатеше во 78-та минута. Бабакардоби пенал, а сигурен од белата точка беше Кварезма.

    Сепак, само четири минути траеше радоста на навивачите на Бешикташ. Хамшик од 20-на метри феноменално испрати удар и постигна гол за израмнување.

    По четири кола Наполи е прв во групата со 7 бодови додека Бешикташ е втор со 1 бод помалку.