Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи славеше убедлива победа во дербито против Лацио и со тоа остана единствениот тим во Италија со максимален учинок по првите пет кола.
Стефан Де Фрај го донесе Лацио во водство во 30. минута од натпреварот и со резултат од 1:0 се замина на полувреме. Сепак, во вториот дел на сцена стапија фудбалерите на Наполи и со головите на Кулибали, Калјехон и Мертенс за само пет минути од 54. до 59 минута направија тотален пресврт. Во првата минута од судиското продолжение гол постигна и Жоргињо кој го матираше Стракоша од белата точка.
Милан потешко од очекувањата славеше против новиот тим во Серија А, Спал. „Росонерите“ со головите на Родригез и Кеси и двата од пенал го решија тимот кој веќе три кола е поразуван со ист резултат, 2:0.
На дерби натпреварот помеѓу Јувентус и Фиорентина немаше премногу шанси во првото полувреме. Ни во вториот дел не видовме баш најубав фудбал, се до 52. минута кога Марио Манџукиќ со глава донесе водство за тимот на Јувентус. На крајот тоа ќе се испостави и како конечен резултат на натпреварот.
Милан- Спал 2:0
Аталанта- Кротоне 5:1
Калјари- Сасуоло 0:1
Џеноа- Киево 1:1
Јувентус- Фиорентина 1:0
Лацио- Наполи 1:4
Удинезе- Торино 2:3
Верона- Сампдорија 0:0