Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
1/16 финале од Копа Италија. Џенова ја пречека Перуџа и во натпреварот влезе како голем фаворит. Нашиот Горан Пандев беше во стартните 11 на теренот.
Голема беше мотивацијата кај играчите од Џенова после победата против Јувентус минатото коло, па Симеоне уште во 3тата минута постигна водечки погодок. Во 37мата Горан Пандев се запиша во листата на стрелци и со 2:0 отидоа на полувреме. Во второто полувреме како да не играше истата Џенова Бјанки во 53тата намали на 2:1, а Дроле во 63тата постигна израмнувачки погодок за 2:2 и отидоа во продолженија.
5 минути пред финишот на првото продолжение Горан Пандев повторно постигна погодок за 3:2, а пак 5 минути пред финишот на второто полувреме гол постигна и Нинковиќ за убедливи 4:2. Ди Нолфо во судиското надополнување постигна погодок за да го ублажи поразот од 4:3.
Џенова во 1/8 финалето ќе игра со Лацио.
Во продолжение и головите од регуларниот дел на натпреварот.
https://www.youtube.com/watch?v=GtKTu_Wxq9k