Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неверојатен расплет имаше групата Х по денешните последни натпревари од групната фаза во рамките на Светското првенство.
На крајот Сенегал беше трагичар поради повеќе жолти картони од селекцијата на Јапонија. И Јапонија и Сенегал беа поразени со идентичен резултат (1:0) од Полска, односно Колумбија.
Полјаците победија со голот на Беднарек, додека пак голот вреден пласман во осминафинале за Колумбија го постигна Јери Мина.
¡GOOOOOOOOOL de #POL!#Bednarek (59′) #Japón 0-1 #Polonia #JPN 0-1 #POL#Rusia2018 #WorldCup #MundialRusia2018 #Worldcup2018 #FIFAWORLDCUPRUSSIA2018 pic.twitter.com/Ao1gm2lfkc
— armin veh´s (@armin_vehs) June 28, 2018
Yerry Mina does it again. The Barca defender puts Colombia 1-0 against Senegal; this is his 2nd goal in the World Cup. Huge threat on set pieces and that dance ?. #WorldCup (@TelemundoSports) pic.twitter.com/M4P6JZMlai
— footballnews (@footynews33) June 28, 2018
Колумбија заврши како првопласирана со шест бодови, втора заврши селекцијата на Јапонија со четири бода, а исто бодови имаше и Сенегал кој заврши на третата позиција. Со оглед дека меѓусебниот дуел Сенегал и Јапонија го завршија без победник (2:2), а по три одиграни кола имаа исто бодови и иста гол разлика, патникот во нокаут фазата го одреди бројот на заработени жолти картони. Сенегал на крајот испадна поради шест жолти картони, додека Јапонците добија четири во трите одиграни натпревари.