До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити продолжуваат да пружење на одлични партии во новата сезона на англиската Премиерлига.
Граѓаните во саботата славеа на гостувањето против Свонси, а уште една брилијатна партија имаше Серхио Агуеро.
Менаџерот на оваа екипа Пеп Гвардиола после натпреварот изјави дека е среќен со играта на Агееро, но знае дека тој може да игра уште подобро.
Истотака, англиските медиуми ги интересираше што значи тоа што шпанскиот стручнак даде дозвола за играчите да играат „грд“ фудбал. Нормално, Гвардиола не бегаше од одговор на ова прашање.
„Па тоа е едноставно, само им реков дека имаат дозвола да играат фудбал кој не е баш допадлив, но немаат дозвола да шетаат по теренот.
Секој играч во мојата екипа мора да го даде својот максимум. Оваа сезона добро почна, но ќе бидеме уште подобри, тоа е само почеток“, рече Гвардиола.















