Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Лестер од јануари би можел да биде посилен со талентиран играч на Генк.
Според медиумите, Лестер е во преговори со Генк за трансфер на Вилфред Ндиди, а Раниери е подготвен да го донесе во тимот.
Актуелниот шампион на Англија игра лошо во првенството оваа сезона, но затоа во ЛШ обезбедија пласман понатаму и во дебитантската сезона ќе играат во првата елиминациона фаза.
Но, јасно е дека во ПЛ мора да се поправат, па Раниери подготви засилување за јануари.
За 19-годишниот играч кој настапува како дефанзивен играч за врска, а може и да игра како стоер, Лестер ќе понуди 14 милиони фунти.
Ндиди минатата сезона дебитираше за Генк, одигра 23 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, а има дебитирано и за сениорската селекција на Нигерија.
На крајот на минатата сезона, прогласен е за трет најдобар млад играч во Белгија.
Покрај него, се очекува Лестер да тргне во потера за играч од средниот ред, како и еден крилен играч, а се очекуваат и заминувања од клубот.
https://youtu.be/YOL_-Q8BSDA