Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јавноста во последно на големо се шпекулира дека од страна на Баерн Минхен има сериозен интерес за услугите на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез.
„АС“ пренесе дека играчот ја разгледувал опцијата за премин во Минхен, но неколку ѕвезди на клубот го убедувале да не си оди од „Ванда Метрополитано“.
Диего Годин, Коке и Антоан Гризман зборувале со францускиот репрезентативец и наводно го молеле да не си замине од клубот.
22 годишниот фудбалер во јуни потпиша нов договор со „јорганџиите“, но од Баерн Минхен наводно се согласиле да ја платат неговата откупна клаузула од 80 милиони евра.