Нема да ви се верува кои играчи играле заедно: Десет заборавени фудбалски тандеми


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Љубителите на фудбалот ширум светот никогаш нема да ги заборават тандемите кои во свое време владееја со европскиот и светскиот фудбал. Некогаш патиштата се разделуваат, а по неколку години многумина и не се сеќаваат дека играле заедно.

    Сепак, од друга страна, знае да се случи 2 играчи во текот на младите денови да играат заедно за еден клуб додека патевите не им се разминат. Токму со такви тандеми ќе се запознаете во продолжение.

    1. Кристијано Роналдо и Пике(Манчестер Јунајтед, 2003)

    Пике денес важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот. Во младинските категории играше за Барселона, а потоа се врати таму во 2008 година каде што е одличен. Многумина не се сеќаваат на времето кога тој играше за Јунајтед, а како би се сеќавале кога одигра само 12 натпревари за 4 години во овој клуб. Токму во тие години кога настапуваше за тимот на Фергусон, таму играше и Кристијано Роналдо.

    Интересно, неколку години подоцна, тие двајца водат жестока битка во дуелите на Реал и Барселона, а некогаш делеа иста соблекувална.

    1. Давид Гинола и Вејн Руни(Евертон, 2002)

    Давид Гинола важеше за еден од најпознатите играчи за врска во ПЛ, а голема чест да ја дели со него соблекувалната, имаше Вејн Руни. Беше тоа секако на почетокот на овој век кога двајцата го носеа дресот на Евертон.

    1. Роберто Манчини и Аде Акинбији(Лестер Сити, 2000)

    Многумина најверојатно заборавија за периодот кога Манчини беше професионален фудбалер. Манчини во текот на играчките денови беше голема легенда на Сампдорија во која помина дури 15 години, а подоцна премина во Лацио.

    Интересно, на крајот на кариерата премина во Лестер каде што одигра само 4 натпревари. Акинбији во Лестер помина 2 години и постигна 11 голови.

    1. Иван Ракитиќ, Месут Озил и Мануел Ноер(Шалке 04, 2007)

    Кога ќе го погледнете составот на Шалке од тој период, тие 3-ца прво ќе ви паднат во око. Некогаш играа заедно во овој тим, а денес играат во три различни лиги. Ноер е член на Баерн, Озил игра за Арсенал, а Ракитиќ игра за Барселона.

    1. Франческо Тоти и Пеп Гвардиола(Рома, 2002)

    Тоти во текот на цела кариера беше член на Рома, па така дочека и испрати голем број на легенди во овој спорт. Еден од нив е и Гвардиола кој само една сезона помина како член на Рома и одигра само 4 натпревари.

    1. Роналдињо и Окоча(ПСЖ, 2001)

    Два мајстори со многу сличен стил на игра. Секако, Роналдињо е многу подобар и попознат, но и Окоча во свое време навистина со некои потези потсетува на Бразилецот. Роналдињо во 2001 година стигна во ПСЖ, а таму веќе играше Окоча и тоа многу добро. Во Париз одигра 4 години и 84 натпревари, а притоа постигна 12 голови.

    1. Тони Крос и Артуро Видал(Леверкузен, 2009)

    Двата фудбалери го носеа дресот на Леверкузен пред да се пресели во поголеми тимови. Крос во Леверкузен помина само една сезона и тоа во 2009/10 и баш тогаш играше со Видал. Моментално Тони игра за Реал, а Видал за Баерн.

    1. Џејми Варди и Хари Кејн(Лестер, 2012)

    Хари Кејн денес е еден од најдобрите играчи на Европа, но многу малку знаат дека тој порано играше за Лестер. Беше 2013 година кога Тотенхем го испрати на позајмица во овој тим.

    1. Нејмар и Фелипе Андерсон(Сантос, 2009)

    Тие двајца во свое време беа најверојатни анјдобри фудбалери на Сантос. Патиштата им се разделија во 2013 година кога Нејмар потпиша за Барселона, а Андерсон за Лацио. Иако Андерсон се поврзуваше со Барселона, ама тој трансфер не се реализираше.

    1. Дејвид Бекам и Дејвид Мојс(Престон, 1995)

    За крај ги оставивме најверојатно најинтересните. Последниот тандем е составен од најдобриот играч во историјата на Манчестер Јунајтед и еден од најлошите тренери во историјата на овој клуб. Тие двајца заедно играа во Престон во 1994/95 кога Јунајтед го испрати Бекам на позајмица во овој тим. Младиот Бекам одигра само 5 натпревари и постигна 2 голови.