„Нема да славам ако постигнам гол против Рома“

Фудбалерите на Сасуоло во недела ќе играат против Рома.

Тоа ќе биде шанса за Аквилани да се врати на „Олимпико“ каде што помина 7 години како член на Рома.

Токму на тој стадион Аквилани изгради фудбалско име и би сакал таму да се врати.

„Мојата Рома беше поинаква од оваа денес. Враќањето на Олимпико за мене е секогаш емотивно, ме потсетува на детството.  Пораснав на тој стадион. Се сеќавам дека одев да го гледам првиот тим кога бев мал. Соработував со Спалети 5 години. Го паметам како одличен тренер.“

„Ако постигнам гол нема да го славам против Рома.“

Да потсетиме, тој во Рома играше од 2002 до 2009 година,а  ги носеше дресовите и на Ливерпул, Јувентус и Милан.