Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Организаторите на Вимблдон одлучија да не го менуваат терминот на почеток на машкото финале на Грен слем турнирот во Лондон поради фактот дека може да се игра во исто време со финалето на Мундијалот во Русија.
Традиционално, рејтинзите на натпреварите на Мундијалот се повисоки од тие на Вимблдон.
„Разговаравме на оваа тема само 25 секунди. Си рековме дека финалниот натпревар почнува во два часот попладне и остануваме на тоа. Ова е наша традиција и нема да ја менуваме. Освен тоа финалето ќе заврши за четири часа“, кажа директорот на турнирот Ричард Луис.
Вимблдон почнува на втори јули, а финалето е на 15. јули.