Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Реал, Интер и Челси, Жозе Мурињо, не се бра со пронаоѓањето на нов ангажман.
Португалецот кој се раздели со Манчестер Јунајтед на 18. декември изминатата година, се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но како што стојат работите не мора ниту да се брза.
Островските медиуми пренесоа дека Мурињо само од обештетување, кое го доби поради предвремено прекината соработка, двапати во Челси и еднаш во Јунајтед, заработил ниту помалку, ниту повеќе, туку 51 милиони.
Само од Манчестер со кој беше во нов тригодишен договор заработи 19,6 фунти.
Клубот од „Олд Трафорд“ тие 19,6 милиони евра ги заведе во финансиските извештаи како посебни трошоци, така што интересно е што само на име на обештетувања за тренерите кои го наследија Фергусон, Јунајтед инкасираше вкупно 33,2 милиони фунти.
Што се однесува до Мурињо тој не мора да се грижи. Освен што за 12 години заработи на сопствените откази, има и бројни спонзорски договори.
Веројатно сега е и јасно зошто не мора да размислува за тренерски повик.