Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Хамилтон пред трката во Остин изјави дека „нема повеќе чување на дијаманти“ и дека ќе тргне на се или ништо во обид да ја одбрани титулата. Победата на Розберг на минатата трка во Јапонија со 3-то место на Хамилтон значи дека тој ќе мора да брка негатива од 33 бодови.
„Прво се враќаме во САД, кој ми е како дом. Ја обожавам земјата и патеката во Остин. Имам одлични спомени, добив таму 3 од 4-ри трки, минатата сезона таму ја обезбедив титулата.“
Хамилтон вели дека ќе нападне со сите сили.
„Останаа уште 100 поени за освојување и одам на сите 100. Ќе дадам се од себе, нема повеќе дијаманти и адути за криење, тоа е тоа, одам со полна брзина.“