Нема шега со Меси: Нареди ангажирање на „чудо од дете“!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Антоан Гризман е голема желба на Барселона и големи се шансите летово да го ангажираат во Каталонија.

Сепак, се споменуваат и други засилувања, а меѓу нив најново име е Џастин Клајверт.

Овој 18-годишен фудбалер е син на познатиот Патрик, кој ја освои Европа, а неодамна дебитираше за Холандија.

Одличните игри во Ајакс не останаа незабележани и кај големите гиганти, но и кај ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој наредил до управата да го ангажира младиот фудбалер.