Неочекуван тим се вмеша во трката за Мората

Шпанските медиуми пренесуваат дека тимот на Милан ќе се соочи со конкуренција од Реал Бетис во трката за потписот на Алваро Мората.

Тимот од Ла Лига е сериозен во намерата да го засили тимот со поранешниот напаѓач на Реал Мадрид кој воопшто не се снајде на „Стемфорд Бриџ“.

Милан подолг период се поврзува со негов трансфер, а во јавноста се споменува можна замена со Челси. Во Милано би пристигнал Мората, а во спротивен правец би заминал Гонзало Игуаин,.

Сепак, по најновите најави Бетис би можел да ги расипе работите на Милан и да го „украде“ Мората од пред „нивниот нос“.