Неславен крај на кариерата: Буфон ќе добие голема казна по црвениот картон во ЛШ!?

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, се соочува со казна во домашното првенство по црвениот картон против Реал Мадрид во ЛШ.

Да потсетиме, главниот судија Мајкл Оливер досуди контраверзен пенал, а потоа му даде црвен картон на Буфон.

Медиумите пишуваат дека Буфон може да добие забрана за настапи и во Серија А доколку извештајот на Оливер за мечот биде остар.