Нејмар: Сакам ли да играм во Реал? Таму секој би сакал да игра…

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар уште еднаш зборуваше за своите можности еден ден да се пресели во Реал Мадрид.

Нејмер, како и сите останати фудбалски ѕвезди, секогаш се поврзува со „кралскиот клуб“, но тој кажа дека е среќен во Париз.

„Сакам ли да играм во Мадрид? Тоа е еден од најголемите клубови на светот. Секој фудбалер би сакал да игра таму. Многу сум среќен во Париз. Се чувствувам одлично таму. Но, еден ден, кој знае. Реал очигледно е одлична екипа. Сепак, денес се гледам во Париз“, кажа Нејмар.

Бразилецот уште е повреден, но се очекува во наредните недели да се врати на теренот и да биде располагање на својата екипа во самиот финиш.