Не е како Ван Бастен, но сеедно е мајсторија: Иван Перишиќ и нова негова магија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Интер денеска, после три врзани победи во италијанската Серија А, ги врати своите навивачи во реалноста која ги следи веќе неколку сезони, со реми на Меаца против Болоња.

    Гостите поведоа со голот на Матиа Дестро, но спектакуларен погодок постигна хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ и така, барем на кратко, ги издрадува навивачите на славниот италијански клуб.

    Така Интер не успеа да поврзе четири победи после долго време, долго време, но остана и понатака под впечатоците на големата победа над објективно посилниот Јувентус во дербито „Дела Италија“.

    https://www.youtube.com/watch?v=lXFSrWHE7Jw