Не е се до парите: Чемберлејн прифати многу помала плата во Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Тимот на Арсен Венгер, дефинитивно се распаѓа. Окслајд Чемберлејн ја одби понудата од 180 илјади фунти неделно во Арсенал, ги одби и Челзи кој што му понуди 160.000 фунти, но не ја одби понудата на Ливерпул од 120.000 фунти.

24-годишниот играч вечерва потпиша договор со Ливерпул, а Арсенал за него доби 40 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.

За тимот на Арсенал, тој настапи на 198 натпревари, а му се приклучи од Саутемптон во 2011 година.

Незадоволен беше со статусот во Арсенал, уште од минатата сезона, иако Арсен Венгер го играше во сите четири натпревари во новата сезона, играчот беше решен дека среќата ќе си ја побара на друго место.

Со потпишувањето на Окслејд Чемберлејн, Ливерпул уште повеќе го зајакна својот напад, откако во тимот летово се приклучи Мохамед Салах, а неодамна го потпишаа и Наби кеита од Лајпциг.