До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал на гостувањето кај Барнли до победа од 1:0 стигна со гол во 93 минута. Шутираше Алекс Оксленд Чемберлен, но топката на падот до голот се одби од раката на Лорен Кошчелни.
Французинот после натпреварот негираше дека играл со рака.
Луд погодок за Арсенал за победа во 93 минута кај Барнли.
„Не знам дали играв со рака. Пробав со десна нога и не знам дали топката ја допре мојата рака. Судијата го призна погодокот и треба да се респектира таа одлука“, рече Кошчелни па додаде:
„Сакавме победа пред репрезентативната пауза, беше тежок натпревар но ја продолживме низата. Најважно е да останеме на земја“,
Тренерот на Топџиите Арсен Венгер, кој денеска прослави 20 години на клупата на лондонскиот клуб, и истакна:
„Тежок натпревар, Барнли добро се бранеше, а морам да признам дека имавме среќа. Тоа е натпревар кој го добивате или губите со 1:0“.
„Снимката од голот не ја видов, а од клупата не видов дали беше рака. Ако, ми велите дека беше рака на Кошчелни, тогаш сме имале навистина среќа“.















