Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона вечерва на гостувањето во Торино доживееја тежок пораз од Јувентус (3:0) во рамките на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Каталонскиот клуб одигра уште еден многу лош натпревар, и на крајот се поразени со 3:0.
Два гола за Старата дама даде Дибала, додека уште еден постигна Киелини.
Се чини, после натпреварот многу го обвинуваа Луис Енрике што го стави Жереми Матје во почетниот состав.
Некогашниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, после натпреварот во Торино изјави дека не може да сфати како Матје го носи дресот на Барселона.
Легендардниот англиски играч додаде дека тоа било голема грешка на Енрике што го чинеше пораз.
„Матје беше многу лош во првото полувреме и не ме чуди што го остави во соблекувалната. Се чудам и не можам да сфатам како Матје може да го носи дресот на Барселона. Па, тој би треба да биде со милји подалеку од него“, рече Џерард.