До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Познатиот менаџер го откри планот. Поради што во Јувентус се лути?
Причината не е Пол Погба, во Торино сакале да го продадат, со цел да имаат пари за одличен преоден рок.
Причината поради што се “лути“ на Раиола е Блез Матуиди.
Се беше договорено и тие практично веќе го пресметаа како големо засилување.
„Паратиќи и Морота се лути на мене, но не е моја вина. Тие знаат дека го држам зборот, се беше готово, но претседателот Ал Келаини ја спушти рампата“, рече Раиола.
Ги уверуваше луѓето од Јувентус дека Матуиди нема да потпише нов договор.
„Нема сигурно, тоа се лажни информации, ќе гледам да го доведам во Јувентус во јануари. Но, не е лесно да се земе играч од Пари Сен Жермен“, додаде Раиола.
Позади целата приказна стои лутењето на Парижаните на Јуве кои како што велат им го “украле“ Коман пред неколку години. Пробаа тоа со уште неколку играчи, но Светците оддолеваа.
Поради тоа го блокираа Матуиди, па Јуве се сврти во последен час по Витсел и тој трансфер пропадна во последните минути.
Сега го чекаат Витсел да дојде како слободен играч, но и понатака желба е Матуиди.
Раиола нормално се шегува за лутењето, има моќен заштитник во ликот на Павел Недвед на кого му беше менаџер десетина години…















