Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед игра како прероден под водство на тренерот Оле Гунар Солскјер, па тие имаат шанси да се борат за трофејот во Лигата на шампиони. А, интересно е тоа што по десет години повторно ќе гледаме четири англиски тима во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Тотенхем ги израдуваа англиските навивачи, а интересно е тоа што дури три тима се од северозападот на Англија.
Поради тоа се огласи и помошникот на Солскјер, Мајк Фелан, кој беше среќен поради огромниот успех на англиските екипи.
„Европскиот фудбал е жив и здрав“, напиша Фелан на социјалните мрежи.
Тоа ептен ги налути навивачите на Јунајтед, кои испратија јасна порака до легендата.
„Мајк, ти си легенда, но… Немој премногу да се грижиш за останатите тимови. Јунајтед е единствениот клуб кој треба да ти биде важен“, напишаа фановите.
Фелан многу години му беше помошник и на легендарниот Сер Алекс Фергусон, па навивачите многу го почитуваат, но очигледно синоќа претера со својата објава.
Well … European football is alive and well up and down the M62 #NorthernPowerhouse ??
— Mike Phelan (@Mike_Phelan_1) March 13, 2019