„Не очекував доминација на Ѓоковиќ“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро изјави дека е изненаден со доминацијата на Ѓоковиќ во светскиот тенис во последните 2 години.

    Во интервју тој изјави дека тоа што го направил Ѓоковиќ е неверојатно и тешко дека некој ќе го повтори.

    Српскиот тенисер во последните 2 сезони освои 5 Гренд Слем титули, а играше во финалето на минатогодишниот Ролан Гарос и УС Опен. Со тоа освои уште и 13 трофеи и го заддржа 1-то место на АТП листата.

    „Тоа што го направи е тешко воопшто да се постигне. Неговите резултати се луди.“

    На прашањето дали мисли дека Ѓоковиќ ќе го премине Федерер по бројот на Грен слем титули, Мекинро изјави:

    „Да, дефинитивно да. Но, имајте на ум и дека Енди Мареј игра подобро од порано.“

    Ѓоковиќ моментално има 12 титули на најголемите турнири во светот, 2 помалку од Надал, за кој Мекинро изјави дека верува дека може да освои уште трофеи.

    „Кога ќе се врати во форма, тој може да освои уште многу Грен Слем титули.“

    Што се однесува до Федерер, Мекинро е изненаден кога тој би се вратил на теренот и би играл на ниво на кое беше минатата година.