Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Ако може да им се верува на медиумите, Конте би можел да направи еден интересен трансфер овој јануари или наредното лето.
Шпанците објавија вест дека Рамос не е веќе недопирлив во Реал и дека Перез не го сака во тимот, а затоа постои можност да замине овој играч.
Медиумите во Англија одвај ја дочекаа веста, па веднаш направија приказна дека Челси би можел да го донесе во своите редови.
Тешко е да се верува дека трансфер може да се случи во јануари, еден од најдобрите играчи на тим како што е Реал нема да го напушти клубот освен ако не се случи некоја караница во клубот.
Перез, наводно, не е задоволен со неговите игри и откако потпишал договор минатата сезона, се обидува да го продаде наредното лето за многу пари.
Челси се наметнува како реална опција за 31-годишниот фудбалер, најмногу поради 2 факти – имаат пари и им треба стопер.
Рамос е 11 години во клубот, па ќе видиме дали ова ќе му биде последна сезона…