Ница го живее сонот: Дали може Балотели да им ја донесе титулата?


    Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


    По 11 одиграни кола во Лига 1, Ница е лидер со 6 поени предност пред Монако и ПСЖ.

    Екипата на Лисијен Фавре има скор од 9 победи и 2 реми, сеуште немаат почуствувано пораз, а покрај тоа имаат и импресивна гол разлика – 24:8.

    Тоа што посебно може да ги израдува навивачите на Ница е добрата форма и одличниот фудбал.

    Вчерашната победа против Нант беше 5-та во низа во Лига 1.

    Марио Балотели може слободно да кажеме дека „воскресна“, игра феноменално, постигна 7 голови во сите натпреварувања.

    Реално гледано, освен него и ветеранот Данте, кои најдобрите денови ги отслужи во Германија, нема некои други звучни имиња.

    Можеби некои не забележаа, но играчот кој игра заедно во напад со Балотели постигна повеќе голови од него. Се вика Аласан Пли и седум пати ги тресеше мрежите во досегашниот тек на сезоната.

    Вчера против Нант играше одлично и Вилан Сипријен, стрелец на два голови на натпреварот. Играше одлично и репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Жан Мишел Сери.

    Во Ница ова лето стигна и одличниот Белханд. Овој докажан мајстор во фудбалот се врати во Франција по 2 и пол годишен престој во Динамо Киев и кратката авантура во Шалке.

    Валентик Ејсерик летово се врати во тимот од Сент Етјен, а во редот за врска Фавр има на располагање и млади и талентирани игрчаи како Коциело и Лусамба и Валтер.

    Со споменатиот Данте тука е и уште еден ветеран – Матје Бодмер, човек кој освојуваше титули со Лил, а потоа играше за Лион, ПСЖ и Сент Етјен. Станува збор за играч кој може да игра скоро на секоја позиција во тимот.

    Големо искуство и многу натпревари има и Пол Бајс, на кого ова му е 2-та сезона во клубот, а претходно има играно за Сент Етјен, Брест, Седан и Бордо.

    Летово стигна и Енрике, станува збор за стопер, а Португалецот Рикардо Переира си го загарантира местото во тимот.

    Посебна приказна е и Малаг Сар, 17-годишен играч и еден од најталентираните стопери во светот.

    Голот на Ница го чува Кардинал, а податокот дека само Трап од ПСЖ има примено помалку голови од него доволно зборува.

    Со оглед на овој потенцијал на тимот, како и проблемите со кои се соочуваат Емери како нов тренер на ПСЖ и Монако кој се бори во ЛШ, за Ница може да се каже дека се сериозни фаворити за титулата.

    Уште една работа е сигурна, а тоа дека вистинските љубители на фудбалот ширум светот се на страната на Ница.