Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Ливерпул до крајот на месецот ќе се обиде да донесе замена за Фелипе Кутињо кој и официјално се пресели во редовите на Барселона.
Најчесто споменувани имиња во фудбалската јавност се Томас ЛЕмар и Ријад Махрез. Првиот би чинел околу 90 милиони фунти и не е реално да пристигне на „Енфилд“ во јануари. За Алжирецот пак од Ливерпул не се подготвени да платат над 50 милиони фунти со оглед на падот на неговата форма во последните две сезони.
Кладилниците фаворитот за наследник на Кутињо го најдоа во омилениот тим за пазарење на Ливерпул, Саутемптон. Имено, според „Скај Бет“ најсериозен кандидат за наследник на Бразилецот е Душан Тадиќ.
Србинот би бил далеку поевтина варијанта од претходните две имиња, а од Ливерпул веруваат дека добро би се вклопил во нивната филозофија на игра.