Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од првите натпревари од осминафиналето во купот на кралот се одиграа првите два натпревари.
Валенсија во последно време е во тешка ситуација и не успеваат да поврзат неколку добри резултати, а денес доживеаа многу тежок пораз. Дека добро нема да поминат на овој натпревар се знаеше после неколку минути. Прво во трета минута Јаго Аспас му донесе водство на Селта од белата точка, а во 14-та минута Бонгонда зголеми на 0:2. Гостите тука не застанаа, па во 19-та минута преку Вас стигнаа и до третиот погодок. Второто полувреме донесе по еден погодок на двете страни. Парехо од пенал го постигна единствениот погодок на натпреварот за Валенсија, а Гуидети во 75-та минута ги постави конечните 1:4.
Во вториот вечерашен натпревар Еибар славеше на гости против Осасуна со 0:3. Погодоците за гостите ги постигнаа Нано во првото полувреме, Бебе и Адриан во второто полувреме.