Нова ѕвезда во најава: Реал Мадрид го ангажираше „новиот Нејмар“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Сантос и Реал Мадрид се договорија за трансферот на младиот талент Родриго Гоес, кој ќе се пресели во шпанскиот клуб во јули 2019. година.

Сантос соопшти на официјалниот Твитер профил дека Родриго ќе ја продолжи кариерата во еден од најголемите клубови во светот.

„Ние сè уште го имаме задоволството да го имаме Родриго во екипата, па се надеваме дека во следните 12 месеци ќе се развива правило во нашиот клуб“, соопштија од бразилската екипа.

Сантос е благодарен за професионализмот на Реал Мадрид во секој процес, како и во добрите преговори со семејството на играчот и неговите агенти.

Повеќе детали за трансферот се очекуваат во текот на денот.