Новиот дрес на Милан, спој на традиција и елеганција?! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан моментално се наоѓа во одличен моментум.

По доброто пазарување на зимскиот трансфер пазар, екипата на Џенаро Гатузо игра се подобро и се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.

Изгледа дека во клубот одлучија да ги повикаат славните денови како тогаш кога „Росонерите“ владееа со Европа, па производителот на спортска опрема, Пума, дизајнираше дрес кој неодоливо потсетува на дресот од 60. години на изминатиот век кога под водство на Џани Ривера, Милан освои две титули во Европа.

Тука се традиционалните црвено-црни пруги кои доста се разликуваат од претходните, како и црната јака.

Многу едноставно и елегантно, што мислите?