Новиот тренер на Севилја ќе работи бесплатно!?

Управата на Севилја за тренер го поставија Јоакин Капарос, откако претходно отказ доби Винченцо Монтела.

Капарос во минатото имаше шанса да биде тренер во Севилја и тој е рекордр по времето поминато во овој клуб.

Со Севилја потпиша договор до крајот на сезоната, а интересно е тоа што нема да добива плата.

„Не сметав дека е неопходно да добијам плата. Сите три натпревари се играат во Севилја, па така нема да имам никакви трошоци“, кажа тој.