Нови лоши вести за капитенот: Нема крај на маките за Џон Тери


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Капитенот на Челси, Џон Тери нема среќа оваа сезона.

    Тој на тренинг се повреди поради што ќе мора да паузира 2 или 3 недели.

    Тоа Тери дополнително ќе го одалечи од првиот тим од кој неодамна „испадна“, особено од причина што Челси во новата формација без искусниот стопер стигна до 6 победи по ред и тоа без примен гол.

    Џон Тери од почетокот на сезоната има проблеми со повреди, а прв пат се повреди во средината на август во последните минути од натпреварот против Свонси.