Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, повторно ги критикува своите фудбалери, а тоа дефинитивно нема да им се допадне на нив.
Мурињо често се наоѓа во караница со некој фудбалер, а сега јавно реши да ги критикува фудбалерите на кои им недостига сериозност.
Португалецот ги критикуваше Лук Шо, Ентони Марсијал, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд.
„Им недостига сериозност да бидам јасен, кога го кажувам тоа, мислам на нивните личности. Порано имаше повеќе зрелост кај фудбалерите, сите бевме подготвени да играме одлично, но сега овие се разгалени деца, зашто децата денес имаат различен живот“, кажа Мурињо.
Ќе биде интересно да се види одговорот од младите фудбалери, кои сезонава играат солидно во дресот на „црвените ѓаволи“.