Нови чекори во таборот на „Топчиите“: По бламот во Борисов стигнува нов спортски директор…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Лондон се подготвени за големи промени.

По поразот од Бате Борисов во Белорусија, упатени се многу критики на сметка на целата екипа, но и покрај тоа Арсенал во реваншот е и натаму фаворит за минување во следната фаза.

Тоа сепак нема да мине така лесно, па Англичаните пишуваат за тоа дека „Топчиите“ наскоро ќе ангажираат нов спортски директор.

Во игра се Мончи од Рома, но и Марк Овермарс кој работи одлично во Ајакс, пренесува Мирор.

Слична функција имаше и Свен Мислинтат кој неодамна го напушти клубот, па новиот директор ќе мора да биде задолжен за доведување на играчи.

Мончи стекна одлична репутација во Севиља каде правеше чуда, додека Овермарс е некогашен играч на Арсенал под чија команда Ајакс се врати во друштвото на најдобрите.

Преговорите како што се наведува се почнати, а кој и да пристигне ќе има големи проблеми на почетокот.