Нов спектакл во најава: Вајлдер и Фјури ќе имаат реванш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури направија вистински боксерски спектакл на први декември во Лос Анџелес. Фјури го нападна појасот на Вајлдер во тешка категорија, но на крајот дуелот заврши нерешено.

Мечот во Лос Анџелес со одлуката на судиите беше нерешен, но веднаш боксерите побараа реванш и сега пристигнува потврда дека тоа ќе се случи.

„Светскиот боксерски совет организираше гласање во управниот одбор, кој кажа дека ќе има реванш во тешка категорија меѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури. Организацијата е среќна што е одобрен директен реванш“, пишува во соопштението.

Иако Фјури сакаше реваншот да биде во Лондон, очигледно борбата ќе се одржи во Лас Вегас, а истата ќе биде одржана на почетокот на наредната година.