Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Иако минатото лето ја напушти Барселона и премина во ПСЖ, по се изгледа дека Нејмар би можел да биде ѕвезда и во наредниот летен преоден рок, затоа што Реал Мадрид, кој се соочува со голема криза оваа сезона, ќе се обиде да го донесе.
Бразилецот стана најскап фудбалер на сите времиња откако ПСЖ го купи за неверојатни 222 милиони евра, па сите очекувавме дека тој ќе остане во Париз, но сепак од Шпанија пристигнуваат шпекулации дека ќе има голем пресврт во ситуацијата.
Флорентино Перез призна дека голема желба му е да го донесе Нејмар во клубот затоа што сака тој да биде првата ѕвезда на тимот во иднина.
Според шпанските медиуми, Перез размислува да направи размена со ПСЖ, односно да го понуди Роналдо и дополнителни парични средства за Нејмар.